Ослободителна пресуда за Мијалков

Ослободителна пресуда за екс директорот на УБК Сашо Мијалков за Тортура врз Љубе Бошковски беше изречена денеска во Кривичен суд.

Според судот поранешниот специјален обвинител, Љубомир Лапе со обвинението не успеал да го докаже делото кое го напишал во него „мачење и сурово постапување со Бошковски“ додека беше апсен за незаконско финансирање на Кампања. Не се докажало ниту дека Мијалков ги поттикнал шестемина припадници на Алфите да го навредуваат и да му ставаат пиштол на главата при апсењето. И вештачењето на здравствената состојба не покажало дека токму поради насилното приведување Бошковски имал стрес и срцеви проблеми неколку денови. Ристовса рече дека му дала можност на обвинителот да го допрецизира обвинението но тоа не го сторил.

Случајот тортура започна во март 2018 та а како докази беа користени и прислушкувани разговори на Мијалков, но и медиумските снимки од приведувањето на Бошковски пред Воденица. начинот на кој беше уапсен според СЈО беше суров, нечовечки и за политичка одмазда.

Total
1
Shares
Поврзани објави