Остануваат 10 дена до новата цена на струјата, се чека одлуката на Регулаторна

Само 10 дена не делат од одлуката за новата цена на струјата која ќе важи по Нова Година. Според надлежните првични информации која понуда и под кои услови ќе се прифати, а која не, би имале до крајот на оваа или пак почетокот на наредната недела.

Претходно претседателот Марко Бислимовски најави дека Електродистрибуција бара 100% зголемување на струјата поради високите берзански цени, 60% бара МЕПСО, а барање доставиле и ЕВН Хоум но без да прецизираат колку.

Бислимовски посочи дека доколку се прифатат овие барања во целост, тоа ќе значи дека крајната сметка на струјата за домаќинствата би се зголемила за 38%.

Од Владата пак се децидни дека зголемувањето нема да надмине 10%. За спас од енергетската криза ги активираа сите домашни капацитети.

Во моментов активни се двата блока на РЕК Битола како и ладната резерва ТЕЦ Неготино. Во РЕК Осломеј започна испораката на 130 илјади тони јаглен од 300 илјади кои се бараат, а засега големи влечења од меѓународните мрежи  нема.

Во меѓувреме цените на струјата на светските берзи надминаа 500 евра за мегават.

Total
4
Shares
Поврзани објави