Повторно ќе се врши увид на местото на несреќата на автобусот на „Беса транс“

Денеска нов увид на автопатот Струма каде што загинаа 45 македонски државјани во автобус на „Беса транс“.

Преживеаните и роднините на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија побараа паралелна истрага за утврдување на причините за трагедијата. Истражители од Перник повторно ќе го анализираат патот, кривините, ознаките и какво било одржувањето на патниот правец.

Роднините тврдат дека вината не може да биде само кај возачот на автобусот, туку одговорност бараат и кај Агенцијата за патна инфраструктура. Во декември, истрагата покажа дека главна причина за трагедијата била неприспособената брзина со условите на патот. За резултатите од повторениот увид ќе бидат потребни неколку месеци.

Со месеци трае и предистрагата во македонското обвинителство, кое треба да утврди како автобусот на „Беса транс“ успеал со фалсификувани документи да ја мине државната граница повеќе од 120 пати.

Total
4
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина бебе родено дома

Во Полициската станица Крушево од Итната медицинска помош Крушево вчера во 01,30 часот било пријавено дека во куќата…