Подигната борбената готовност во Србија поради ситуацијата во Косово

„Претседателот на Србија (Александар Вучиќ) како врховен командант издаде наредба Војската на Србија да биде во готовност, да го крене нивото на готовност на она ниво да може да одговори на секоја задача. Србија е сериозна држава, презема одговорност за сите можни проблеми“, кажа Вучевиќ.

„Не би кажал дека ова е решено, со (косовскиот премиер Аљбин) Курти не можете да бидете на чисто бидејќи никогаш не се знае. Утринава ја издале првата опомена на Србин за табличките. Не можам да верувам дека западните земји немаат влијание врз Курти и владата. Изгледа дека не сакаат никаква ескалација, да оди во форма на дијалог, ние не можеме да бидеме опуштени, но сакаме дијалог. Војската на Србија е спремна да изврши секаква задача од врховниот командант. Никому сега не му се војува. Изгинавме и повеќе од биолошкиот капацитет“, кажа српскиот министер.

Тој порача дека Војската на Србија е појака од што била.

„Кога Србија зборува за мир и стабилност тоа не значи дека ние сме слаби, дека можат да нè малтретираат и понижуваат. Она што треба да го знае народот е дека српската војска е многукратно посилна од што била, заслужува почит и постапува во согласност со државниот врв. Треба да работиме на поголема бројност, поголемо вооружување и обука на резервниот состав. Ние не се спремаме за војна, но не можеме да бидеме неподготвени за сè што се случува.

Чекаме ново вооружување од Франција, но и хеликоптери од медитеранска држава. Тоа е паметна стратегиска одлука, да се набавува најсилното оружје од најсилните држави. Наменското производство е страшен потенцијал кога зборуваме за нашата муниција. Да придвижи силна економска промена во Србија“, истакна српскиот министер за одбрана.

Total
1
Shares
Поврзани објави