Почнува скрининг-тестирањето за ковид-19 за проценка на имунитетот на населението

View of a Coronavirus Covid-19 background – 3d rendering

Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1 000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент

Од денеска почнува скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на ковид-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки. Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1 000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски минатата недела информираше дека вакво тестирање било направено пред една година и тоа покажало дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни, односно имале некаков имунитет, кој се должел исклучиво на прележаната болест.

Министерот за здравство Беким Сали во интервју за „360 степени’ најави серолошка анализа на целата територија на државата.

„Оваа анализа ќе ни покаже реално колку сме имунизирани. Имаме евиденција колку сме вакцинирани, колку се со една, две, три вакцини, со какви вакцини. Но, знаејќи дека особено сојот омикрон поминува со полесна клиничка форма, голем број од нашето население не отишле за ПЦР-тест или сами го поминале омикронот во домашни услови. И сакаме да имаме јасна слика колку од нашето население го поминале ковидот и врз основа на овие резултати, ќе имаме една слика и мислам ќе излеземе пред јавноста да речеме дека според нашите бројки, евиденцијата која ја имаме, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин“, изјави министерот за здравство.

Total
1
Shares
Поврзани објави