Ривалот на Орбан најавува екстрадиција на Груевски ако победи на изборите

Парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат пролетта 2022 година. Според последните анкети рејтингот на здружената опозиција, чиј кандидат е Марки-Заи, е ист како тој на партијата Фидес предводена од Орбан.

Ривалот на Виктор Орбан, Питер Марки-Заи, кој ќе му се спротивстави на унгарскиот премиер на парламентарните избори в година, најави екстрадиција на Никола Груевски во Северна Македонија доколку победи.

„Цитат на опозицискиот кандидат Марки-Заи од неговиот говор на 23 октомври: Ако Орбан ја изгуби моќта следната година, поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, ќе се соочи со екстрадиција (заедно со јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа и други)“,

пренесува политичкиот аналитичар Андраш Тот-Цифра на социјалните мрежи.

На истото, но на унгарски јазик, денеска укажува и самиот Марки-Заи порачувајќи дека ќе ги екстрадира „Груевски, Нафа и другите криминални мигранти населени од Фидес“.

Парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат пролетта 2022 година. Според последните анкети достапни на „Политико“, рејтингот на здружената опозиција, чиј кандидат е Марки-Заи, е ист како тој на партијата Фидес предводена од Орбан.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Злоупотреби на ЕУ знаменцето, зголемени случаи на висока корупција – евроамбасадорот Гир со дел од забелешките во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија

Загриженост во врска со политичката поларизација, посебно во делот на реформите, прекумерна, а некогаш и непотребна употреба на…