Русковска отвори постапка – испитува зошто Спасовски со месеци чекал да го затвори техничкиот преглед во кој поминал и автобусот на „Беса транс“

Предметот засега е во фаза на предистрага, во чии рамки истражители од Обвинителството вчера го посетиле Министерството за внатрешни работи и од два сектора ја подигнале документацијата поврзана со случајот

„360 степени“ кон крајот на декември 2021 г. објави дека станицата за технички преглед „Виа комерц“ во село Глумово (Општина Сарај) била затворена три дена по трагедијата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, иако пропустите во нејзината работа биле откриени повеќе од три месеци претходно

Во телефонски повик до „Виа комерц“, пак, во кој се претставивме како заинтересирани потрошувачи, ни кажаа дека техничкиот преглед сега работи, но со друго име. Дали оваа околност е нов случај сам за себе?

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) испитува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија.

„360 степени“ дознава дека обвинителството со кое раководи Вилма Русковска отворило предмет, кој засега е во фаза на предистрага. Според нашите сознанија, истражители од Обвинителството вчера го посетиле Министерството за внатрешни работи и од два сектора ја подигнале документацијата поврзана со случајот. Се постапува по кривична пријава од анонимни поднесувачи (група граѓани), вели нашиот извор.

извор: 360stepeni.mk

Total
1
Shares
Поврзани објави