САД: Погрешна пресуда против Афроамериканец укината по повеќе од четири децении

Кевин Стрикленд невин во затвор помина 43 години. Тој беше осуден за убиство кое отсекогаш го негираше. Сега тој е е на слобода.

Афроамериканецот Кевин Стрикланд, на 62 годишна возраст, беше ослободен од вина и беше пуштен на слобода во вторникот со судска одлука во американската сојузна држава Мисури, откако помина 43 години во затвор поради погрешна судска пресуда.

„Не сум нужно лут. Тоа би било премногу. Мислам дека развив емоции за кои сите не знаете“, им рече Стрикленд на новинарите додека го напушташе затворот Западен Мисури во местото Камерон. „Радост, тага, страв. Се обидувам да откријам како да ги спојам овие емоции“, рече тој

Стрикланд во 1979 година поротата, составена само од белци, го осуди на доживотен затвор за тројно убиство, кое го одрекувал.

„Никакви материјални докази не го поврзувале со убиствата, а е осуден исклучиво врз основа на изјавите од преживеаната жена сведок, која подоцна ја повлекла изјавата“, нагласи судијата Џејмс Велш во одлуката.

Покрај тоа, двајца од четворицата сторители на крвавиот напад потврдија дека е невин, истакна судијата. „Довербата во судот во случајот на Стрикланд е целосно поткопана“, оцени тој, наредувајќи „итно ослободување на затвореникот“.

Главната обвинителка од Џексон, која побара поништување на пресудата, ја поздрави оваа одлука. „Овој човек кој толку многу претрпе поради несреќниот пропуст на судот, конечно доби правна сатисфакција“, рече Џин Петерс Бејкер во соопштението.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави