Научно-фантастичната акција „„Сè во исто време“ е апсолутен победник на овогодинешните Оскари со седум златни статуетки, меѓу кои и онаа за најдобар филм.
Награден е во категориите најдобар филм, режија и оригинално сценарио (Даниел Кван и Даниел Шајнерт), главна актерка (Мишел Јео) и споредна женска улога (Џејми Ли Кертис), споредна машка улога (Ке Хуи Кван) и најдобра монтажа.
Церемонијата на овогодинешните Оскари ја одбележа и големото враќање на Брендан Фрејзер, кој беше прогласен за најдобар актер.
Брендан Фрејзер е најдобар актер за улогата во филмот „Кит“.
Мишел Јео е и првата актерка со азиско потекло која ја добила оваа престижна филмска награда. Ова беше и прва номинација за Yeoh, актерка од Малезија, која има 60 години.
„За сите момчиња и девојки кои личат на мене и кои ме гледаат вечерва, ова е светилник на надеж и можност. Ова е доказ дека можете да сонувате и дека соништата навистина се остваруваат“, рече Јео за време на доделувањето на наградите, додавајќи: „И дами, никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека сте го поминале најдобриот период“.
За најдобар филм на овогодинешните Оскари беа номинирани:
„Топ Ган: Маверик“
„Жените зборуваат“
„Банши на Инишерин“
„Триаголник на тагата“
„Фабелманс“
„Ништо ново на Запад“
„Аватар: Патот на водата“
„Елвис“
“Катран”