Софија инсистира Бугарите да влезат во македонскиот Устав

Пораката денеска ја испрати привремениот шеф на бугарската дипломатија Светлан Стоев,кој во истовреме како сериозен проблем во билатералните односи повторно го актуелизира говорот на омраза и прашањето што земјава повеќе од една година нема амбасадор во Бугарија.Спорес Стоев запишувањето на бугарското малцинство во уставот ќе реши многу прашања

Стоев не прецизираше кога Софија очекува да се реализира ова барање, но пред еден месец за време на неговата посета премиерот Заев потенцираше дека Бугарите ќе влезат во македонскиот устав, но дури пред членството на Македонија во ЕУ.

За време на последната посета на Софија македонската владина делегација доставила конкретен предлог за надминување на спорот со Софија, за кој неколку дена подоцна извести бугарското МНР, а во пакетот од пет точки беа нотирани договорот околу името, односно дека тоа не се однесува на регионот Северна Макеоднија, Скопје да се повлечет малцинските барања но и ,да се прилагодат наставните содржини.Стоев денеска потенцираше дека Софија веќе го испратила предлогот за експертската средба,договорна да продолжи на последниот сотанок во Дубровник.

И покрај ветото шефот на бугарската дипломатија и натаму уверува дека Софија сака почеток на преговорите на македонија, но не пропушти да каже дека за тоа да се случи на Макеоднија и е потребно политичко лидерство.

Канал5.мк

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Маж удрен од глисер

Во полициската станица во Струга вчера околу 18 часот е пријавен дека е повреден 60-годишен стружанец. Тој е…