Спасено лице од давење во Дојранското Езеро

Регионалниот ЦУК Струмица извести дека вчера во 11.08 часот добиле пријава за лице кое е паднато од чамец и се дави некаде на средина од Дојранското Езеро.

Веднаш е известена ПС Гевгелија и Граничната полиција која беше на терен и го извлече лицето кое е здраво и живо, а извлечен бил и неговиот чамец, соопштија од ЦУК.

Total
0
Shares
Related Posts