Срушен рекордот во измерени промили алкохол во крвта во Македонија- ЕВЕ ШТО ПОКАЖА ДРЕГЕРОТ (ФОТО)

Рекордни 3,87 промили алкохол вчера во 22:03 часот му биле измерени во крвта на возач, кој бил запрен од сообраќајната полиција во Скопје.

Ова дефинитивно е македонски рекорд во измерени промили на алкохол во крвта бидејќи според досегашните сознанија, најголемото количество алкохол во крвта кај учесник во сообраќајот измерено со дрегер изнесувало 3,83 промили.

Не е дозволено повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта бидејќи првите пречки при управување на возилото се јавуваат на 0,8 промили алкохол.

Лекарските и медицински факти околу присуството на алкохол во крвта велат дека со 2,5 промили алкохол во крвта веќе се јавуваат сериозни пречки на сите ментални и физички функции. Се зголемува и ризикот од задушување при повраќање, како и од повреди при паѓање или друг вид на несреќа.

Со 3 промили во крвта можно е да дојде до ненадејно губење на свеста и тешко будење и освестување од таквата состојба.

3,5 промили веќе претставуваат сериозен проблем и може да доведат до појава на кома. Ова количество алкохол по својата јачина е еднакво како и јачината на една анестезија при хируршка интервенција.

Total
53
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Лажните просјаци во притвор

Основното јавно обвинителство Гостивар почна постапка против две лица, жители на Скопје, за кои постои основано сомнение дека…