Стојанче Стоилов позитивен на ковид

Македонската ракометна репрезентација вечерва против репрезентавија на Црна Гора на Европското првенство игра без Стојанче Стоилов.

Кружниот напаѓач на Вардар имал позитивен тест на Ковид-19 и отпадна од комбинација за средбата од 18 часот, а најверојатно и за дуелот против Данска закажан за 17 јануари.

-Денеска за жал ќе играме без Стојанче Стоилов, кој на последното тестирање доби позитивен тест на Ковид-19, се надеваме Столе како еден од лидерите ќе биде во можност да се врати во составот за скоро време. Одиме на победа, соопшти ракометната репрезентација.

Ова е нов удар за националниот тим кој како што е познато пред самиот старт на шампионатот поради повреда го загуби капитенот Кирил Лазаров кој воедно е и наш селектор.

Total
14
Shares
Поврзани објави