Струјата до Нова Година нема да поскапе, за потоа ќе знаеме во декември, рече Бислимоски, претседател на Регулаторна

Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски дали може да очекуваме и Македонија да влезе во енергетска криза и дали се очекува покачување на електричната енергија, тој рече:

Постои проблем со цените на електричната енергија и природен гас  во цела Европа. Во наредниот период што следи може да се очекува одредени држави пред се своето домашно производство ќе го користат за свои потреби, но пак ќе има трансакции на пазарот на електрична енергија и тоа ќе функционира. Во делот на природниот гас, пак, кога ќе се зголеми испораката на присодниот гас од Русија, горе доле ќе се стабилизира цената со присодниот гас а со тоа ќе се стабилизира и цената со ел енергија. Ова не е проблем само во нашата земја, туку во цела Европа и веќе и евроипската комисија и нашата влада превземаат меркисо цел да се стабилизира ситуацијата соп ел енергија и природн иот гас. Во однос на цената едно е сигурни, поскапување нема да има до крајот на годината.  Колку за пример за да се види како драстично се менуваат состојбите,  по најавата на Путин дека ќе ја зголеми испоракта на природен гас преку Украина, цената на електричната енергија на берзата во ХУПЕКС се намали на 20 проценти. Во овој момент и ЕСМ заедно со Владата превземаат активности за да се обезбеди јаглен, со цел да се стабилизира цената на електричната енерија  кај анс и таа помош пред се ќе се однесува на стопанството и ќе биде распределена на најправеден начин до сите потрошувачи на слободниот пазар. Премногу е рано да зборуваме што ќе биде од први јануари, бидејќи работите се  менуваат како на филмска лента, во текот на декември ќе имаме поконкретни информации, рече тој.

Total
18
Shares
Поврзани објави