Таткото кој ги уби трите деца е во болница и е стабилен, го чува полиција

Таткото кој ноќеска си ги уби трите деца е Харалд Копиц, Австриец кој живеел и во Загреб, е во болница и е во стабилна состојба. Го чува полиција, јавуваат хрватските медиуми.

Хералд е од Виена, а живеел на релација Загреб – Виена. Во хрватската престолнина имал и компанија, иако во својата кариера работел како консултант и преговарач за повеќе големи компании. Главно се бавел со финансии.

Инаку, татко со голи раце си ги задавил трите деца – близнаци, момче и девојче на 7-годишна возраст, и уште едно синче на 4-годишна возраст. Се се случило во нивниот луксузен стан, а откако таткото ги задавил децата се обидел да се самоубие со труење.

Полицијата за можниот обид за самоубиство ја информирал негов пријател, кој ја видел пораката на фејсбук во која тој се збогувал со сите. Кога полицијата стигнала во станот, го нашла Копиц и трите мртви деца.

Во своето проштално писмо објавено на фејсбук посочува дека последните година и пол ништо не му одело како што трба на работа, ништо не му успеало и останал без пари. Од пораката може да се види дека е разведен и има девојка , а на едно место во неговите статуси се спомнува и вереница.

Децата се од неговиот првата сопруга, а постојано на социјалните мрежи објавувал фотографии со нив. Оваа пролет напишал дека слави втор роденден, една година откако успеал да се избори за живот по пет недели поминати во болница.

Total
1
Shares
Поврзани објави