Според потврдени информации, на Клиниката на онкологија по претресите, уапсени се три лица меѓу кои и поранешниот директор на Клинката Нино Васев.
На клиниката се уапсени едно медицинско лице и едно лице вработено во техничката служба на клиниката. Од клиниката брифираат дека најмалку уште една вработена утрово не дошла на работа и не била достапна.
По приведувањето, тројцата осомничени се однесени од клиниката која е полна со пациенти. Раководството на клиниката соопшти дека состојбата е нормална и таа работи со полн капацитет. Се вршат прегледи и се аплицираат и издаваат терапии на онколошките пациенти.
-Сите амбуланти работат, ниту еден пациент нема да биде оставен. Сите работиме и планираме, клиниката работи со полн капацитет-изјави Виолета Клисарова, директорка на Клиниката на Онкологија, која потврди дека три лица се уапсени и однесени од клиниката.
Економскиот директор рече дека полицијата и обвинителството не барале докази туку имале само налози за приведување.
-Денеска со налог беа дојдени со наименично наведени лица за приведување. Да, уапсени се поранешниот директор и уште две лица, рече економскиот директор на Клиниката за онкологија