Управен реши – нема прегласување во Желино, го снема и поводот за лутината на Беса

Одлуката на ДИК во четвртокот да го прифати приговорот на ДУИ за ова избирачко место, што водеше кон прегласување, Беса го искористи како повод да се потпише на иницијативата за гласање доверба на Владата во која и таа се уште учествува

Управниот суд денеска реши да ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино што значи дека таму ќе нема прегласување и дека за градоначалник е избран Блерим Сејди, кандидат на Беса.

Одлуката со која се потврдуваат резултатите од гласањето во вториот круг во Желино, ја донесе Совет на Судот, во следниот состав: Имсале Хасани – претседателка, и членовите Газменд Фејзуљи, Тања Терзиева, Валентина Конеска и Едита Насковска. Според ова, Сејди победи со 69 гласа предност пред ривалот од ДУИ, Фатмир Изаири.

Одлуката на ДИК во четвртокот да го прифати приговорот на ДУИ за ова избирачко место, што водеше кон прегласување, Беса го искористи како повод да се потпише на иницијативата за гласање доверба на Владата во која и таа се уште учествува.

Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, во петокот го обвини коалицискиот партнер ДУИ дека им забиле нож во грб со приговорот за Желино.

„Мојот став е јасен и чист, и да одлучи партијата дека треба да се продолжи со ова владејачко мнозинство, јас како министер нема да бидам дел од тоа владејачко мнозинство. Колку и да велат дека ова е емотивна реакција, човек живее за принципи и не можам да се гледам со тие луѓе на маса кога се подготвени нож во грб да му забодат на коалициски партнер кој цела година буквално со сите неправилности стоел само заради големата слика. Очигледно, ДУИ не ја интересира големата слика туку повеќе другите работи, како што е ова со Желино, да направи кризи и слично. Мислам дека е време пополека и тие да се подготват да менуваат“,

рече Хоџа.
Total
8
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Твитер го блокираше Филипче

Твитер го блокираше официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче поради „забележана необична активност спротивна на правилата…