Денеска во утринските часови во Куманово изгоре автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами. Според првите неофицијални информации, лица кои ги користеле уреди за блокирање камери се сомневаат дека инцидентот бил извршен со намера, за да се избегне снимањето на случката.
Пожарот зафати голем дел од возилото, а пожарникарите брзо реагирале и го изгасиле огнот. Во моментов се спроведува истрага за да се откријат причините за пожарот и евентуалната врска со личноста на која автомобилот припаѓа.
Од обвинителствотото соопштија : Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор.