Хорор во Србија: Очув-монструм претепал 7-месечно бебе! И ја скршил подлактицата, клучната коскa

Дваесетгодишен очув кој е осомничен дека претепал седуммесечно бебе, само ден пред апсењето објавил слики од бебето на социјалните мрежи на кои се гледаат модринки на лицето на детето, пишува српски Курир, кој објави и фотографија од монструмот.

Според пишувањето на српскиот медиум тој го претепал бебето додека ја праќал сопругата во продавница. Страшната вистина е откриена откако бебето било примено во болница со страшни повреди: фрактура на надлактицата, клучна коска, хематом на главата, скршеници на ребрата и внатрешно крварење.

Поради тежината на повредите, детето од Краљево е префрлено во Белград, а очувот бил уапсен додека бил на шалтерот во болницата каде дошол да се распраша за состојбата на бебето. Мајката дури подоцна признала дека нејзиниот партнер го претепал бебето и и ги нанел овие страшни повреди.

Пред само неколку дена, во пресрет на обелоденувањето на страшната приказна од Краљево, А.К на социјалните мрежи објавил видео од бебе во прегратките на неговата мајка И.И.(19).

На него се гледа како бебето има модринки на лицето. Додека во позадина се слуша среќна детска музика, на видеото се гледа како бебето има модринки на лицето, речиси целото лице и е сино и тешко дише.

Снимката е објавена на 6 ноември, но не се знае дали е направена токму тој ден.

Покрај ова видео, уште повознемирувачко е фактот што на социјалните мрежи се огласи и мајката на бебето.

На денот кога била уапсена А.К, додека нејзиното бебе било во болница, таа објавила фотографија на која се слуша љубовна песна во позадина.

Една недела по откривањето на случајот, таа објавувала слики од себе и бебето, а очувот оставил коментари за нив.

Total
0
Shares
Related Posts