Цената на нафтата на рекордно високо ниво , криптовалутите паѓаат – на повидок глобална рецесија?

Доаѓа ли глобална рецесија? Се поголемиот страв на инвеститорите ширум светот дека одговорот на ова прашање би можел да биде позитивен и дека последиците би можеле да почнат да се чувствуваат прилично брзо, и утрово добро ги потресол речиси сите финансиски пазари. На удар се милијарди евра, пазарите за криптовалути се во опасно црвено, се “нишаат” и акциите на најмоќните компании, а се подолг е списокот на компании кои блокираат крипто трговија.

Последните денови од пазарот се избришани околу 200 милијарди долари. Биткоин денеска потона на ниво под 21.000 долари, што е пад од речиси 70 проценти за последните осум месеци. Паничната распродажба на криптопазарите го фрлил Биткоин во минус од дури 14 проценти за само последните 24 часа, ништо подобро не минале ни останатите криптовалути.

Етериум ослабел за повеќе од 12 проценти во истиот период, според податоците на “Coinbase”. Поскапела и нафтата на европските пазари и барел утрово чинеше 123 долари, три долари повеќе од вчера.

„Се моментално пука, дали станува збор за акции, за крипто имот или било што друго. Тоа што го гледате на пазарот е страв, неизвесност и сомнеж“, предупредил утрово Нирмал Ранга, шеф за трговија и технички анализи на крипто берзата “ЗебПеј”, за “CNBC”.

Претходно платформите за тргување, вчера околу пладне, како “Celsius” и “Binance” ги сопреле повлекувањата. “Binance”, најголемата крипто берза на светот, го блокирала повлекувањето на биткоини на повеќе од три часа поради загушувањето на трансакции, што предизвикало собирање на налози и застој. Очекувале дека таквиот потег ќе ја стабилизира работата и ќе ги ублажи падовите кои ги видовме вчера, но се уште нема позитивни показатели. Напротив.

И акциите на најголемите компании се на удар. “Apple” утрово изгубил пет проценти од пазарната капитализација, “Tesla” седум проценти, а акциите на “Microsoft” паднала за дури 10 проценти.

Дали е ова вовед во глобалната рецесија, се прашуваат многумина.

„Сега најмалку четири меѓусебно поврзани кризи се закануваат да предизвикаат глобална рецесија: инфлација, енергетска криза, недостиг на храна и климатски промени“, предупредил германскиот министер за економија, Роберт Хабек.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупредила денеска дека светот се соочува со комбинација од повеќе кризи и дека милиони луѓе ширум светот нема да бидат во можност да си дозволат основни потреби, вклучувајќи и 275 милиони кои ќе бидат во ризик од глад.

Воведот во вистинскиот потоп на пазарите биле две лоши информации од Европа и Америка. Во врска со тоа, многу европски земји како Австрија почнале со дарежливи пакети помош.

Владата на Австрија претставила денеска пакет мерки, во вредност од шест милијарди евра, со кој сака да им помогне на граѓаните во соочувањето со драстичниот на цените.

Министерот за социјални прашања Јоханес Раух, нагласил дека поскапувањата дошле до “до паричникот Австријците”.

Тој кажал дека речиси сите граѓани се погодени, и дека пакетот мерки претставува брза и одржлива моќ за сите на кои име потребна.

Претходно европската централна банка објавила дека во јули ќе ги прекине субвенциите за економијата во еврозоната и прв пат од 2011-та година ќе ги крене клучните каматни стапки за да се спречи инфлацијата. Поскапувањата во еврозоната, инаку, се движат на рекордни нивоа од околу осум проценти во просек.

Потрошувачките цени во Америка пораснале за 8,6 проценти минатиот месец во однос на 12 претходно. На месечно ниво, цените скокнале за 1 процент од април до мај, и тоа е огромен раст со зголемување од 0,3 проценти од март до април.

Total
0
Shares
Related Posts