Цуфи Кока и двајца демонстранти пред Собранието во осумдневен притвор

Човекот кој пукаше во воздух кај Скендербег за време на протесниот марш на противниците на францускиот предлог, е еден од трите лица на кои Кривичен суд им изрече мерка притвор од осум дена. Останатите двајца се демонстранти кои предизвикале инциденти пред Собранието на 5 и 6 јули.

Цуфи Кока се товари за кривичното дело предизвикување општа опасност. Пред судија на претходна постапка тој и останатите двајца демонстранти се произнеле во присуство на бранител.

„Судот смета дека се исполнети условите од член 470 ст.1 т.1 и 2 односно постои опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Обвинителството го гони Кока, оти, според официјалното соопштение оттаму, на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на група граѓани кои учествувале на јавен собир, тој забележал како дел од граѓаните фрлаат камења, по што се упатил кон нив и во два наврати испукал по два куршума во воздух.

Неговата фотографија прв ја објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и тврдеше дека тоа лице вечерта требало да го убие него.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Јанева си заминува: Нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на СJO и Европските интеграции на мојата земја

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесе оставка и соопшти зошто тоа го прави. Во продолжение целото писмо до…