Четворица повредени во судар меѓу амбулантно и патничко возило во Скопје

Четири лица се повредени во синоќешниот судар во Скопје меѓу патнички автомобил и возило на Итна медицинска помош.

Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“. Се судриле патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72), двајцата од Куманово.

Повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св.Наум Охридски“, а на местото на настанот е извршен увид од екипа на МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Здружение на обвинители за писмото на Русковска до амбасадорите: Со зачуденост го проследивме дописот за кој сметаме дека го нарушува угледот на јавнообвинителската функција

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Русковска…