Арсовска до Мицкоски : Ако сака да зборува за оставки, Мицкоски треба да си почне прво од себе

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на советнички прашања, побара оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Гледам што зборува шпицниот градоначалник за оставките. Ако сака да зборува за оставки, Мицкоски треба да си почне прво од себе. Мицкоски немој да се закануваш, немој да се криеш, дојди тука во очи кажи ми што имаш, рече Арсовска. Каде е шпицниот градоначалник Мицкоски“, „немој да се криеш“, „немој да се закануваш“ беа дел од пораките што Арсовска ги упати кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откако претходно кон неа упати обвинувања и прозивки советникот Луке Галески на седница за советнички прашања на Советот на Град Скопје. Покрај за актуелните препукување околу проектот за пречистителната станица, ВМРО-ДПМНЕ ја праша и до каде е бесплатниот превоз за скопјани.

„Советниче, кога лажете и мавтате со документи, ви се тресе рачето и ви трепери гласот. Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам тука? Кај се крие Мицкоски? Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни, храбри луѓе. Мицкоски, за жал, не е еден од тие“,

го почна Арсовска своето обраќање.

И таа го праша Галески како до вчера за нив била најдобар градоначалник на Скопје, но сега не е.

„Како до вчера бев најдобар градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот сега од еднаш не чинам. На сите тие прашања ќе си дојдат одговорите. Но мене, како што гледаш, не ми трепери гласот и не ми се тресат рачињата кога ви се обраќам. За тој спорен тендер има кој да си одговори зошто не постапувал како што треба. Јас ќе си продолжам по патот на правдата како што беше и до сега, како што и до вчера за вас бев најдобар градоначалник. Ама Мицкоски од тендер-матрицата нема никогаш да излезе. Тоа верувам на сите тука ви е јасно. Како што ви е јасно зошто од денеска не чинам, а до вчера бев супер“, рече Арсовска.

Таа претходно одговараше на советничко прашање поставено од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галевски, за спорниот тендер од 125 милиони евра за прочистителна станица. Истакна дека до вчера му чинела на Мицкоски, но кога му ги фатила „директорчињата со рацете во медот“, тогаш одеднаш повеќе не му чинела.

Total
0
Shares
Поврзани објави