Ахмети: Од мене нека почне истрагата за сите функционери од ДУИ и за делувањето на партијата од 2002 година наваму

Почнувајќи од мене, нека се отвори истрага за сите функционери од Демократската унија за интеграција и за целокупната активност на ДУИ од 2002 година до сегашниот момент.

Ова во изјава за ТВ 21 денеска го кажа првиот човек на владејачката ДУИ, Али Ахмети, по гласањето на внатрепартиските избори во Кичево. Тој одговараше на новинарско прашање во врска со одлуката на Стејт департментот да го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.

Првпат говорејќи на оваа тема, Ахмети кажа дека Мерко мора да се соочи со истрагата, но и дека струшкиот градоначалник воопшто не се противи на такво нешто бидејќи, како што кажа, тој е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ.

„Да се отвори истрага за целокупната активност на ДУИ од 2002 година до сегашниот момент. Не можеме да бидеме обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината. Тоа им припаѓа на органите на правдата. Цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене“,рече Ахмети во изјавата за ТВ 21.

Меѓу останатото, лидерот на ДУИ ги повика државните институции, доколку имаат сомнеж, да поведат истрага и против неговиот внук Дрин Ахмети, за кого медиумите открија дека е сопственик на една од компаниите која го купува Бизнис-центарот „Соравија“ во Скопје.

„Ни Дрин не може да ја избегне истрагата – за ова нема да има пречка и нема амнестија или засолниште од моја страна. Се што ги интересира државните органи, слободно нека вршат истраги за да се открие вистината“,додаде Ахмети.

Total
0
Shares
Поврзани објави