Бајден: Убеден сум дека Русија ќе ја нападне Украина

Веруваме дека во следните денови или недели, Русија ќе ја нападне Украина, што вклучува и напад на Киев, главниот град на Украина кој има повеќе од 2 милиони жители. Ова го кажа претседателот на САД, Џо Бајден за време на вчерашното обраќање.

Новинарите го прашале дали смета дека Владимир Путин донел одлука дека ќе ја нападне Украина.

„Во овој момент мислам дека донел одлука. Уверен сум дека одлуката е да ја нападне Украина“, рече Бајден.

Бајден кажа дека неговиот став е дека Путин нема да користи нуклеарно оружје.

„Во овоие напнати околности, украинските сили покажаа голема воздржаност. Одбиваат да дозволат на Русите да ги намамат на војна“, рече Бајден и уште еднаш ја повика Русија да избегне катастрофална и непотребна војна.

Во текот на вчерашниот ден се слушнала силна експлозија во Луганск, и најверојатно станува збор за експлозија на гас.

Во меѓувреме водачот на проруските сепаратисти во Донецк нареди евакуација на цивилите во Русија, сметајќи дека украинските сили се подготвени за напад и само чекаат одлука на претседателот.

Total
0
Shares
Поврзани објави