Бектеши, попречување на правда, избори, политички прогон- што се крие зад кривичната пријава против поранешниот министер од ДУИ

-Секоја Ви чест. Јаки сте. Срамота треба да Ви е, што се занимавате со млади луѓе, стои во пораката која била упатена преку апликацијата whatsapp на 7-ми мај, ден пред изборите. Ја испратил министерот Крешник Бектеши до полициски началник и врз основа на оваа порака, пред 4 дена охридската полиција му поднесе кривична пријава за „попречување на правда“ на доскорешниот министер за економија од ДУИ.

Бектеши сам си ја објави пораката и порача дека кривичната пријава е политички прогон и дека заплашувањето нема да помине. Екс министерот преку ФБ објаснува дека на 7-ми мај, за време на предизборниот молк, како координатор на изборниот штаб на Европскиот Фронт, за изборна единица 5, дознал дека полицијата ги проверувала членовите на изборниот штаб во Охрид и им вршела претреси. Сметал дека станува збор за полициска интервенција во избори и реагирал со порака до началникот кој ги вршел активностите. Вели вазалите кои ги предадоа своите гласачи сега се одмаздуваат.

Нивната цел е одмазда за дебаклот што го добија од граѓаните на 8-ми мај! Како Крешник Бектеши секогаш ќе се грижам за граѓаните кои се под постојан обид за мајоризација и заплашување, како што се моите сонародници од Охрид, Ресен, Крушево, Долнени итн. Пораката ја испратив како човек кој има одговорност и за изборниот процес.

За ДУИ, пријавата против Бектеши е лов на вештерки, МВР засега не реагираше на обвинувањата на екс министерот.

Но, од ВМРО-ДПМНЕ пак порачаа дека со изнесување на пораката во јавност, самиот Бектеши признал дека вршел притисок.

Како тоа порака со содржина дека е срамота што МВР се занимава со млади луѓе не е притисок?

Која порака Бектеши ја упатува до младите?

Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, а сега ЈО и судството да постапат и да сноси и одговорност.

До обвинителството во Охрид, во текот на денот се уште не беше пристигната кривичната пријава. Пријавата е поднесена на 25-ти јули и од четврток до денес се уште не го поминала краткиот пат меѓу охридската полициска станица и охридското обвинителство. Полицијата смета дека Бектеши сторил „попречување на правдата“ за што се предвидени минимална казна од една година затвор и максимална која може да биде и двоцифрена. Пријавата е поднесена 3 и пол месеци по активноста за која е осомничен Бектеши.

telma.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

24 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 7.571 тестирањe, а регистрирани се 1.074 нови случаи на КОВИД-19, информираат од…