Битола: Гранитна плоча згмечи работници, еден загинат , друг се бори за живот

Голема гранитна плоча згмечи двајца работници на позната битолска фирма која се занимава со изработка на надгробни споменици и скали, при што за повозрасниот повредите биле фатални и починал на лице место, додека другиот е во животна опасност.

Несреќата се случила вчера попладнето, додека работниците растоварале гранитни и мермерни плочи од кои подоцна се изработуваат надгробни споменици. Според неофицијални информации, во еден момент најверојатно недоволно обезбедена големата гранитна плочата паднала врз двајцата работници.

„Вчера во 15.25 часот е пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и М.Ш. Од здобиените повреди, М.Ј.(59) починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, пак М.Ш. (45) е пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, изјави портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова. 

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Не постојат дополнителни услови во преговарачката рамка, но секоја држава, за секое поглавје може да дава забелешки, вели Ковачевски

Германскиот канцелар, вели Ковачевски, ги повтори тие гаранции кои веќе стојат во преговарачката рамка. Други услови не може…