Британските медиуми со детали за животот на Путин – има два сина од љубовницата кои се кријат во Швајцарија?

Медиумите со децении се обидуваат да дознаат што е можно повеќе за мистериозниот приватен живот на рускиот претседател Владимир Путин. Во бројни написи се спомнуваат љубовници, шпионски агенти, поранешни сопруги, ќерки, а овој пат и синови.

Во написот на новинарот Вил Стјуарт за „Дејли мејл“ се наведува дека Владимир Путин има два сина. Првиот го добил во 2015 година, а вториот во 2019 година. Едниот е роден во Швајцарија, другиот во Москва.

Наводно, Путин имал два сина со Алина Кабаева, поранешна ритмичка гимнастичарка и освојувачка на олимписки медал во Атина во 2004 година.

Најстариот син е роден во добро обезбедена клиника во Швајцарија во 2015 година, според извор кој присуствувал на породувањето.

Помладиот син е роден во Москва во 2019 година. На раѓањето присуствувал истиот медицински персонал од Швајцарија кој поради породувањето допатувал во Москва, покажува истрагата што ја објави швајцарскиот весник „Зонтагсцајтунг“.

Рускиот лидер, кој годинава ќе наполни 70 години, во 2007 година ги демантираше приказните дека има некаква врска со поранешната гимнастичарка (38).

„Нашиот извор беше многу јасен – Алина беше во врска со Путин. Имаат две деца – два сина и не беше со други мажи бидејќи такво нешто би било многу опасно за неа“, пишува “Дејли мејл”.

Откако започна „специјалната операција на Русија“, Алина наводно се крие со своите деца во Швајцарија, за што пишуваа медиумите.

Пред нејзината наводна врска со Путин, Алина беше свршена со политичарот Дејвид Муселиани во 2004 година, но таа романса заврши една година подоцна.

Московски „Кореспондент“ тврдеше дека таа е свршена со Путин, но тоа беше демантирано, а весникот потоа беше затворен. Беше кажано и дека во 2015 година го добила своето прво дете со рускиот претседател, што тој исто така негираше.

Како што беше напишано, минатата година беше затворен целиот четврти кат на Истражувачкиот центар за акушерство, гинекологија и перинатологија „Кулаков“ за да може целиот да им биде на располагање на Алина и близнаците. 

Онлајн изданието на „Московски кореспондент“ ја пренесе веста за породувањето, а потоа наеднаш ја избриша, како и сите податоци од кеш меморијата.

Владимир Путин зад себе го има бракот со Људмила Шкребнева, со која ги има ќерките Марија и Екатерина. Тој брак траеше од 1983 до 2013 година.

„Сан“ наведува дека Путин својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, дека неговите ќерки кои никогаш не ги именува јавно, имаат документи со лажни имиња. Тој е опсесивен за безбедноста на семејството, поради што раѓањето на Алина Кабаева се чува под превез на тајност“, тврди овој британски медиум.

Total
0
Shares
Поврзани објави