Ван Гал заминува од селекторската позиција во Холандија

Луј Ван Гал потврди дека по поразот во четвртфиналето на Светското првенство ќе замине од селекторската позиција на Холандија.

Неговиот тим се врати од 0-2 против моќната Аргентина, но немаше среќа при шутирањето пенали. Искусниот стратег ја заврши третата етапа како предводник на „лалињата“.

Пласманот во четвртфиналната фаза е солиден успех за Холанѓаните. Тие пред четири години не беа меѓу конурентите за светската титула на турнирот во Русија.

Победата на Аргентинците значи дека тие во полуфиналето ќе се надигруваат со Хрватска.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ѓоковиќ пак во притвор

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ повторно е сместен во имиграциски притвор во Мелбурн каде ќе остане до официјалното сослушување…