Вечерва почнува пролетта, а викендов летното сметање на времето

Вечерва во 22:24 часот почнува пролетта и ќе трае 92 дена, односно до 21 јуни кога ќе започне летото.

Паралелно со започнувањето на пролетта во земјите од северната земјина полутопка, во земјите од јужната хемисфера, пак, денеска почнува есента.

Сонцето во Скопје денеска изгреа во 5:38 часот, а ќе зајде во 17:46 часот. Денот ќе трае 12 часа и 8 минути.

Денешниот ден е познат и по името пролетна рамноденица – и денот и ноќта траат по 12 часа.

Во земјава денеска се очекува претежно сончево време со пролетни температури. Утре, пак, на првиот ден од пролетта, УХМР најави претежно облачно време со повремен дожд.

Освен промена на годишните сезони, последниот викенд во март, односно викендот што претстои, почнува летното сметање на времето. Па така, викендов стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

Total
0
Shares
Поврзани објави