ВИДЕО: Андријана Јаневска и Игор Џамбазов со изведба на „Ми заплакало селото Ваташа“

Проектот „Македонијо во срце те носиме“ беше збогатен за уште една нова изведба на стара македонска песна.

Овојпат, станува збор за „Ми заплакало селото Ваташа“ во изведба на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов.

„Ми заплакало селото Ваташа“ е македонска песна оригинално напишана и изведена во 60-те години. Текстописец е Лазар Манчевски – Пинџур, кој инспирацијата ја добил од масакрот во Ваташа што се случил за време на Втората светска војна, кога на 16 јуни 1943 година биле застрелани 12 младинци од фаштистичката војска. Песната ја отпеале повеќе домашни интерпретатори, а оригиналот е изведен од Никола Бадев во 1975 година. Песната повторно стана актуелна по изведбата на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов на последната Златна Бубамара на популарноста, а сега овој двоец во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“ и ја сними.

„Самата идеја за песната и спојот со Игор Џамбазов беше на Ранко Бубамара и сè започна од настапот на Златна Бубамара на популарноста. Потоа дојде предлогот да бидам дел од проектот ‘Македонијо во срце те носиме’. Со задоволство прифатив, бидејќи во моментов вакви проекти ѝ се повеќе од потребни на Македонија, во време кога царуваат туѓи песни на туѓи јазици. Им порачувам на младите да ја сакаат, почитуваат и слушаат македонската музика, особено изворната народна песна бидејќи таа е нашиот идентитет“ – вели Андријана.

Видеото за „Ми заплакало селото Ваташа“, за која овој пат аранжманот го направи Николче Мицевски, а во изведба на Андријана и Игор, е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“ и во чии рамки се препеани 12 македонски песни. Нумерите се изведени од 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика, а публиката уште треба да ги слушне и види ДНК и Зуица Лазова.

Total
0
Shares
Поврзани објави