СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА Се тресеше од Кладово до Ниш, луѓето во паника

Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово окол во 7.42 минути е регистриран во регионот на Кладово во Србија, соопшти српскиот хидрометереолошки завод.

Интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје.

Сѐ уште нема извештаи за евентуална штета. Земјотресот што го погоди Кладово е почувствуван и во околните градови во Србија, како и во Романија и предизвика паника меѓу населението.

На веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC) граѓаните на Кладово изјавија дека почувствувале краток но силе потрес.

„За кратко време се почувствува земјотрес, се тресеа прозорците и мебелот во куќата“, гласи еден од коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ, испратен од корисник од погоденото подрачје.
Дека земјотресот кратко време го почувствувале потврдуваат и граѓаните на Ниш, Бор, Зајечар и Неготин.

„Кратко, но прилично силно“ – напиша жител на Ниш.

Земјотресот бил почувствуван и во Романија. Според сведочењето на жителите од околината на Крајова и Дробета-Турну Северин во Романија, потресот околу 4 секунди.

Total
0
Shares
Поврзани објави