Тригодишне дете ја победи болеста и насмеан се врати дома

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави видео од малиот Реџеп кој успеал да ја победи болеста и насмеан си заминал од Детската клиника.

„Реџеп ја победи болеста!Реџеп има само три години и ги направил трите најважни работи во животот: храбар е, не плаче и ја победи болеста! Му посакувам секогаш да е жив, здрав и насмеан“, напиша Филипче.

Тој им честита на вработените од Детска клиника за третманот на пациентите.

„Гордост сте“, ги пофали Филипче. 

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Попладне пороен дожд

Времето денеска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Попладне се очекува да…