Комисијата одобри Парламентот попладне ќе гласа за имунитетот на Груевски

Комисијата за мандатно имунитетни прашања едногласно, со пет гласа за, ниту еден против и ниту еден воздржан, одлучи да ги одобри шестте барања на судот да му биде одреден притвор на пребеганиот екс премиер, Никола Груевски.

На комисијата не дојдоа Трајко Вељановски, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски и Борис Змејковски.

Со тоа Комисијата одлучи да му биде одземен имунитетот и му предложи на Собранието да ја донесе оваа одлука. Крајниот збор го има парламентот кој треба да одлучи со просто мнозинство од 61 пратеник.

Денеска попладне се очекува да се одржи седницата на која парламентот ќе одлучува. Доколку гласаат 61 пратеник официјално имунитетот на Груевски ќе биде одземен со што судот ќе може да му одреди притвор во шестте предмети на СЈО.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Земјотрес во Маврово

Утрово во 7,23 часот во Маврово е почувствуван послаб земјотрес со магнитуда од 2,2 степени според Европската макросеизмичка…