ВИДЕО: Констракта влезе во Финале , Андреа не успеа – Македонија најавува дека нема да оди повеќе на Евросонг

Претставничката на Србија, Ана Ѓуриќ Констракта се пласираше во финалето на изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи на 14 мај во Торино.

Заедно со Србија, во финалето по вечерашното полуфинале се пласираа Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска и Романија.

Половина од бодовите во гласањето и беа доверени на јавноста, а другата половина од гласовите и припадна на стручното жири.

Констракта синоќа настапи како трета во второто полуфинале на Евровизија во арената Пало Олимпико.

Констрака, пејачка, текстописец и архитект, ја претстави Србија со песната „In corpore sano“. Публиката во Пало Олимпико Арената и аплаудираше на Констракта за време на нејзината изведба на песната. Констракта пред настапот истакна дека таа и нејзиниот тим ќе дадат се од себе Србија да ја однесат во финалето на Евровизија.

„Возбудена сум, но немам трема. Малку сме под стрес поради големата возбуда во Србија“, изјави Констракта.

Германските медиуми, пак, српската претставничка во Торино ја нарекуваат „српската Лејди Гага“, и се прашуваат дали нејзиниот настап е сепак премногу неконвенционален за победа.

Македонската претставничка Андреа Коевска со песната „Circles“ не влезе во финалето на Евровизија.

Првото полуфинале на Евровизија се одржа на 10 мај.

На него учествуваа 18 земји, а во финалето влегоа претставници на Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Total
0
Shares
Поврзани објави