(Видео) Млади момчиња изгореа во пламенот: откриена причината за падот на канадерот во Грција

Авион од типот „канадер“ се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос.

Загинаа капетанот на ескадрилата Христос Мулас (34) и копилотот, втор поручник Периклис Стефанидис (27).

Овие херои, како што пишуваат грчките медиуми, рано утрово влегле во авионот и почнале да се борат со огнената стихија, која со денови ја има зафатено Грција.

Додека гаснеле пожар кај селото Платанистос во Каристос, авионот им се урнал при маневар и загинале на должност.

Според грчките медиуми Стефанидис и Мулас полетале нешто пред 12 часот со „CL-215“ од аеродромот Агиалос на пат кон Каристос.

Малку по 15:00 часот, откако испуштиле вода на жариштето, нивниот авион со десното крило удрил во дрво, што довело до губење на висината и авионот се урнал во следниот момент.

Неколку секунди откако канадерот паднал покрај потокот, авионот експлодирал.

Двајцата млади пилоти, според медиумите загинаа и покрај напорите на пожарникарите да го изгаснат огнот и да ги извлечат.

Total
0
Shares
Поврзани објави