(Видео) Осомничените за масакрот во Москва брутално претепани донесени пред судот

Четворицата обвинети за масакрот во трговскиот центар во Москва вчера беа донесени пред судот.

Од видеата и фотографиите што беа објавени во социјалните медиуми, можеше да се види дека биле брутално претепани и измачувани, поради што тројцата од нив сами одеа до судот, а четвртиот беше довлечен во инвалидска количка. Сите четворица се обвинети за тероризам.

На видеото се гледаат маскирани полицајци како ги носат во Окружниот суд Басмани во руската престолнина.

Руските безбедносни сили очигледно ги претепале и мачеле четворицата напаѓачи. На социјалните мрежи протекоа вознемирувачки снимки кои, според Би-би-си, очигледно биле објавени од безбедносните сили. На снимката се гледаат брутални испрашувања. На едно видео се гледа како еден од напаѓачите во устата му е турнато увото кое штотуку му било отсечено, а Би-би-си јавува дека некои снимки сугерираат дека најмалку еден од напаѓачите доживеал струен удар.

Лицата идентификувани од судот како Мирзојев и Рачабализода имаа модринки на лицето, а едниот имаше завој над главата во пределот на увото. Се шпекулира дека станува збор за напаѓачот кому Русите при сослушување му го отсекле увото.

Покрај тоа, на Мирзојев околу вратот му беше завиткана искината најлонска кеса, што навестува тортура со задушување, но и желба на руските власти да и покажат на јавноста дека ги мачеле напаѓачите кои го извршија смртоносниот напад на концертната сала.

Лицето на мажот идентификуван како Фаридуни беше тешко отечено, а човекот по име Фајзов, кој беше донесен на суд во инвалидска количка облечен во болничка наметка, ја губеше свеста. Се чини дека му недостасува око, според новинската агенција Ројтерс.

Во соопштението на судот се наведува дека Мирзојев „целосно ја признал вината“, а Рачабализода се наведува дека „ја признал вината“. Мажите се идентификувани како државјани на Таџикистан, објави руската државна новинска агенција Тасс.

Сите четворица ќе бидат во истражен притвор најмалку до 22 мај, додаваат од судот.

Терористичката група Исламска држава соопшти дека го извршила нападот во петокот во концертната сала Crocus City Hall и објавила вознемирувачка видео снимка од внатрешноста на салата, на која се гледа како терористите пукаат врз цивили. Неколку руски официјални лица тврдат дека Украина била вмешана во нападот, додека Киев вели дека тврдењето е „апсурдно“.

Total
0
Shares
Поврзани објави