Видео: Отворен Пељешки мост – чудо на архитектурата во Хрватска

Во вторник навечер свечено беше отворен Пељешкиот мост, еден од најважните инфраструктурни проекти што ќе го поврзе југот на Хрватска со остатокот од земјата.
Свеченото отворање беше одбележано во текот на целиот ден со програма што се одвиваше од двете страни на мостот – на одморалиштата на Бријест и Комарна.

Главното отворање започна во 20 часот и 15 минути, а кулминираше околу 22 часот кога хрватскиот суперавтомобил моделот „Невера“ на хрватскиот производител на луксузни електрични автомобили „Римац“ прв го помина мостот. Додека поминуваше „Невера“, почна и огномет.

Мостот, чија целата челично-бетонска конструкција под и над водата заедно тежи 30 Ајфелови кули, е најголемиот хрватски инфраструктурен проект финансиран од фондовите на ЕУ со грант од 357 милиони евра (85 отсто од трошоците), а неколку влади работеа на него.

На средина на мостот „Невера“ се размина со автомобил управуван од поранешниот трикратен европски шампион во планински трки, хрватскиот возач Нико Пулиќ.

На свеченото отворање на мостот присуствуваа многу значајни хрватски јавни личности, меѓу кои премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ.

Пељешки мост е долг 2 404 метри и спојува два брега кои се оддалечени 2 140 метри. Објектот е од исклучително стратешка вредност за Хрватска бидејќи го поврзува северот со југот на земјата.

Во тој дел на Јадранското море, мало крајбрежје има Босна и Херцеговина кај Неум. Така, за да се стигне по копно до Дубровник од Сплит, мораше да се помине граница и да се влезе во БиХ, а после неколку километри да се излезе од БиХ и да се влезе во Хрватска.

Со мостот, практично се заобиколува Неум преку полуостровот Пељешац. Мостот е висок 55 метри со што се задоволени барањата на Босна и Херцеговина – мостот да не го попречува бродскиот сообраќај кон Неум.

Total
0
Shares
Поврзани објави