Видео: Пет полицајци во притвор, барале да се провери видео надзорот – тврдат наместени се

Пет притвори, еден домашен притвор и едно одземање на патна исправа се изречени од Кривичниот суд за уапсените на граничниот премин „Табановце“ поради примање поткуп.

Сите осомничени беа задржани во станица 24 часа, по што по барање на обвинител беа спроведени во суд каде се бараа мерки за обезбедување присуство. Станува збор за полициски службеници кои извршувале работи на граничниот премин.

Два од одредените притвори за по 30 дена, а тоа се за командирот и шефот на смена. Притворите за останатите полицајци кај кои биле најдени пари се по осум дена. Сите од судот ќе бидат спроведени во истражниот затвор во Шутка.

Службениците се уапсени завчера, а поради сомнение дека примиле поткуп. „А1он“ веќе објави дека парите кои биле најдени кај нив биле спакувани во кутии од цигари. Пред судија на претходна постапка во Кривичен суд, дел од нив тврделе дека немаат никаков допир со парите и дека им се подметнати. Барале, од видео надзорот во кабините во кои работеле да се утврди кој и кога ги земал парите.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

СЈО: Истраги за Зоран Ставревски , Никола Груевски, Бујар Османи и други за кинеските автобуси, гасовод, купување медиуми , парцели – можен криминал од 80 милиони евра

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите…
Повеќе

Трипуновски откри злоупотреби на државни пари: Фирми земале субвенции, а не плаќале закупнина и не го обработувале земјоделско земјиште

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, најави дека започнува со објавување на сите сомнителни случаи и…