Италијанскиот град Неапол ноќеска го погоди силен земјотрес со јачина од 4,4 степени, кој предизвика материјална штета, а многумина од жителите ноќта ја минаа на улица или во автомобилите.
Беа оштетени згради, а потресите продолжија и во текот на ноќта.
На ова подрачје кое е и вулканско, често се случуваат земјотреси.
Бројни жители на Неапол и околината цела ноќ ја минаа на улиците и во своите автомобили по силниот и многу долг земјотрес што синоќа околу 1 часот и 25 минути го разбуди градот.
На земјотресот со јачина од 4,4 степени му претходела силна експлозија, а епицентарот бил на длабочина од само 3 километри во Пузоли.
Делови од Неапол останаа без струја, а еден маж е спасен од делумно урната куќа во близина на епицентарот.
„Кориере дела сера“ пишува дека интензитетот на земјотресот бил сличен на оној што ја погоди областа во мај минатата година.