видео – УЧЕНИК СО АУТИЗАМ ИСТЕПАН ОД ТАТКА СИ Родителот му бил и наставник, го тепал во училишниот дворвидео –

Наставникот по физичко образование А.С. во основното училиште „Абдил Фрашери“ во Боговиње брутално го малтретирал својот син со аутизам, кој воедно бил и негов ученик.

На видео снимката која е објавена на повеќе медиуми на албански јазик, се гледа како возрасен човек, за кој се тврди дека е наставникот го тепа ученикот, а потоа го соборува на земја.

– На 08.06.2024 година во 20.30 часот, припадници на полицијата од ПС Камењане, во Боговиње-Тетово, го лишиле од слобода лицето С.А.(42) по претходна пријава од лицето А.А.(45) од истото село, бидејќи на 05.06. 2024 година во училишниот двор во селото, физички го нападнал својот малолетен син – велат од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него, ќе следи соодветниот поднесок, се вели во соопштението на МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Дизелот поевтинува 2 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените…