Владата ја тргнала забраната за слетување на авионот на Сергеј Лавров во Скопје

Владата ја тргна забраната за прелет и слетување на руски државни воздухоплови над и во земјава. Тоа било решено на денешната седница, пренесе „360 степени“ повикувајќи се владини извори.

Според ова, нема формална пречка за авион, во сопственост на Русија да слета на некој од аеродромите во земјава. Измените на актуелните рестриктивни мерки за Руската Федерација воведени по агресијата на Украина, доаѓа во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој треба да се одржи од 29 ноември до 1 декември во Скопје.

Засега нема потврда дека ова значи и доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ

Total
0
Shares
Поврзани објави