Возило удрило во столб на патарината „Романовце“ – возачот загина

Едно лице почина откако со автомобил удрило во столб од наплатна станица „Романовце”, соопштија денеска и СВР Куманово и РЦУК Куманово.

  • Денеска околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопштија од полицијата.

Пожарот го изгасила екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица.

И РЦУК Куманово пренесе информација дека кумановската противпожарна единица интервенирала со едно возило и четворица пожарникари. Од Итна помош Куманово посочија дека интервенирале, но возачот починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Total
0
Shares
Поврзани објави