Во воздушен напад погодена најстарата православна црква во Газа

Грчката православна црква, Св. Порфириј, во Појасот Газа, во која имало засолнето стотици раселени Палестинци, ноќеска била цел на израелски воздушен напад, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори од Православната патријаршија на Ерусалим и палестинските здравствени власти.

Здравствените власти во Газа соопштија дека нападот врз црквата однел повеќе животи, а има и многу  ранети.

Израелската војска соопшти дека дел од црквата бил оштетен во напад врз команден центар на милитантите и дека го разгледува инцидентот.

Total
0
Shares
Поврзани објави