Израел и Хамас постигнаа договор, утре е првото ослободување на заложници

Израелската влада објави договор за ослободување на 50 заложници, од кои сите жени и деца, за четири дена, во кои ќе има пауза во борбите, пишува Гардијан.

Дневно ќе се ослободуваат групи од 12-13 заложници, пишува The Times of Israel.

„Владата на Израел е должна да ги врати дома сите заложници. Владата вечерва го одобри нацртот од првата фаза за постигнување на оваа цел, според кој во текот на четири дена ќе бидат ослободени најмалку 50 заложници – жени и деца, во кои ќе има прекин на борбите. Ослободувањето на секој дополнителни десет заложници ќе резултира со еден дополнителен ден на пауза. Владата на Израел, ИД и безбедносните служби ќе ја продолжат војната за да ги вратат дома сите заложници, да ја завршат елиминацијата на Хамас и да обезбедат дека нема да има нови закани за државата Израел од Газа“, се вели во соопштението на израелската влада. се наведува во договорот.

Договорот ќе овозможи стотици камиони со хуманитарна помош, медицинска опрема и гориво да влезат во сите делови на Појасот Газа, се додава во соопштението.

Тајмс оф Израел, исто така, објави дека може да бидат ослободени уште 30 заложници и дека паузата во борбите може да се продолжи „за еден ден за секоја група од уште 10 израелски заложници“.

Претходно, израелските медиуми, вклучително и Канал 12 вести, објавија дека доколку договорот биде одобрен, првото ослободување на заложниците се очекува во четврток.

Доцнењето е затоа што, доколку се постигне договор, мора да има 24-часовен период на чекање пред да се спроведе, за да им се даде шанса на израелските граѓани да побараат од врховниот суд да го блокира ослободувањето на палестинските затвореници, јавуваат израелските медиуми.

Total
0
Shares
Поврзани објави