Во Полска загинаа две лица во експлозија – непотврдено паднале руски ракети – премиерот свика итен состанок

Во селото Пржеводов на полската страна на полско-украинската граница попладнето се случила експлозија, а според првичните информации загина две лица.

Полските портали објавија дека војската и полицијата се на терен, но причината за експлозијата засега официјално не е позната.

Дел од полски медиуми јавија дека експлозијата се случила по пад на проектил. Оваа вест не е официјално потврдена.

Неименуван висок американски претставник изјави дека експлозијата е предизвикана од руски ракети. Од Пентагон изјавија дека не можат да потврдат дека се работи за руски ракети.

Портпаролот на полската Влада, Пјотр Мулер не ја потврди информацијата, но истакна дека е свикан итен состанок поради „кризна ситуација“.

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната, изјави владиниот портпарол Пјотр Мулер.

Тој не ја откри причината за свикувањето на итниот состанок.

Според полските медиуми состанокот е свикан откако врз селото Пржеводов на полско-украинската граница попладнето се случила експлозија, а според првичните информации загина две лица.

Ве молиме, не објавувајте непотврдени информации, за ова ќе разговараме по средбата, истакна Мулер.

На средбата со министерот за внатрешни работи и администрација Мариуш Камински, министерот за надворешни работи Збигњев Рау, министерот за правда Збигњев Зиобро присуствува и претседателот Анджеј Дуда.

Total
0
Shares
Поврзани објави