Во тетовската болница починаa десет пациенти болни од ковид – 19

Десет пациенти болни од Ковид 19 починаа во изминатите 24 часа во тетовската болница.

– Бројката на лица кои барале преглед или контрола е 245 луѓе. Примени се 18 луѓе на болничко лекување. Вкупно на лекување има 120 луѓе од кои 118 се на кислородна поддршка, информира координаторот на Ковид центарот, доктор Гзим Нуредини.

Од хоспитализираните 120 пациенти, девет имаат примено една вакцина, а тројца пациенти двете дози.

Извор: МИА

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Дете падна од тераса

Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци по што бил пренесен на скопските клиники, информираше денеска Верољуб Додевски,…