Вселенска патријаршија: Да, за признавање на Охридска архиепископија, не за Македонија

Вчерашното признавање на Охридската архиепископија од страна на Вселенската патријаршија всушност е одлука за тоа дека македонската црква е канонска и валидна во сеправославниот свет, а тоа значи дека не е повеќе расколничка црква. Но, на признавањето на автокефалноста, на добивање на томосот, ќе треба да се почека на одлуката на Српската православна црква. Руската црква веќе се изјасни дека ги признава само канонските права на СПЦ во Македонија. Се чека на мислењето на Бугарската православна црква на оваа одлука од Цариград.

Во својата одлука, Светиот синод на Вселенската патријаршија вели дека црквата на Србија треба да ги реши административните прашања меѓу неа и црквата во Северна Македонија.

Тоа јасно покажува дека го исклучува терминот „македонски“ и кој било друг дериват на зборот „Македонија“, а името на црквата го признава како „Охрид“, пишува Ортодокстајмс, гласило на православниот свет кое се издава во Грција.
Ова всушност значи дека Вселенската патријаршија го признава името Охридска архиепископија и правото на македонските свештени лица рамноправно да сослужуваат во православното семејство. Во одлуката e истакнато тоа дека се признава името Охридска архиепископија, имајќи ја на ум како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија.

За МПЦ ова значи дека Вселенската патријаршија го признава 1.100 годишниот историски континуитет на Охридската архиепископија. Но, ова се разбира нема да ѝ се допадне на Бугарската православна црква која исто така смета дека го влече континуитетот на Охридската архиепископија.

Затоа ќе биде интересно да се следат реакциите на БПЦ, на одговорот на СПЦ на дадената задача од Цариград да го реши прашањето со автокефалноста на МПЦ-ОА.Со оваа одлука на Вселенската патријаршија се остава на српската црква да ги уреди „управните прашања што ги има помеѓу неа и црквата во Северна Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание“.Ова всушност значи еден вид на пови до СПЦ активно да се вклучи во процесот на издавање на томосот,односно да ја признаеавтокефалноста на МПЦ-ОА.

Пред две недели, далеку од јавноста, во Ниш веќе се одржала заедничка средба меѓу високи претставници на СПЦ и МПЦ-ОА. Тоа значи дека дијалогот меѓу двете цркви е повторно обновен.

Од реакцијата на СПЦ на вчерашната одлука на Вселенската патријаршија ќе се види дали враќањето на комуникацијата меѓу двете цркви всушност била во координација со Цариград или не. Ако одговорот на СПЦ биде негативен, како и оној на РПЦ, тогаш на потег повторно ќе биде Вселенската патријаршија која ќе треба да го додели томосот за автокефалност на Охридската архиепископија, како што тоа веќе и го направи во случајот со Украинската црква, наспроти спротивставувањето на Руската православна црква.

Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија уште во април 2018 година испрати молба за апелација до Вселенската патријаршија, која е единствената на сеправославно ниво што има историски и канонски права да прифаќа апелација и да доделува автокефалност. По молбата, Вселенската патријаршија одлучи да се заземе за прашањето и да ги преземе потребните чекори.

анализата е целосно превземена од MKD.MK

Total
0
Shares
Поврзани објави