Арсим Папранику, почесниот конзул на Косово во Македонија, со своето дипломатско возило, заедно0 со Артан Груби ја поминал границата со Косово еден ден пред почетокот на полициската акција. Груби со албански пасош ја поминал границата.
Папранику е почесен конзул на Косово во Македонија од 2018 година. Тој е сопственик на компанијата Нептун во Македонија и е еден од сопствениците на Ист гејт мол во Скопје.