Двајца македонски државјани застрелани на Халкидики

Двајца македонски државјани ноќеска биле застрелани во Ханиоти, Халкидики, јавуваат грчките медиуми.

Убиен е Орхан Бајрами попознат под прекарот Оки, а повреден е Сеад Слезовиќ (1978), двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми.

Околу 3:30 часот биле застрелани две лица од Северна Македонија. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра. Еден од двајцата, 39-годишен паднал мртов, додека неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос, јавуваат медиумите.

Според очевидци, двајца непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмената соба во која престојувале и пукале во нив

Total
0
Shares
Поврзани објави